(ВИДЕО) Нацев: СДС преку државните институции почна да ги враќа парите на фирмите кои донираа во партиската кампања

Од:

„СДС преку државните институции почна да ги враќа парите на фирмите кои им донираа пари во партиската кампања. Најсрамно е што тоа не се пари на СДС или Зоран Заев, туку пари кои им припаѓаат на граѓаните. Ова е класичен случај на злоупотреба на институциите во партиски цели.

Фирмата „Делукс“ од Куманово, која е донатор на партијата, благодарение на одлуката на потпретседателот Оливер Спасовски, ќе добие ни помалку ни повеќе, туку еден милион евра, пари кои се донација за МВР од Чешката влада.

СДС целосно нетранспарентно ја води владата на Република Македонија, трошејќи ги парите на граѓаните во зделки каде како профитабилна страна се јавуваат фирми донатори на партијата.

МВР под водство на Оливер Спасовски, додели јавна набавка на полициски возила во висина од милион евра без да распише тендер, со непосредна спогодба, на фирмата донатор на СДС. Сопственикот на оваа фирма е во блиски релации со врвот на партијата и тоа е јавна тајна.

Фирмата која што го добива тендерот, според информациите објавени во медиумите, не е увозник на возилата кои што ги продава, туку само дилер. Единствена предност на оваа кумановска фирма е тоа што се јавува на донаторските списоци на СДС каде што Министерот за внатрешни работи е потпретседател.

Оливер Спасовски одлучува дека нема потреба од транспарентна и јавна тендерска постапка на која што во електронска аукција и други фирми би добиле шанса да дадат понуди со кои што би се намалила цената на возилата и правдајќи се со некаква итност, милион евра им доделува на неговите донатори.

МВР прави спецификација на набавка само за моделот Шкода Октавија, со што индицира на претходно договорена работа и фрла сомнеж за малверзации.

Ова е начинот на кој што работи СДС и за ваквото работење еден ден ќе има одговорност, откако правната држава ќе се врати и откако оштетените ќе го надминат стравот и ќе се одлучат јавно да проговорат.

Со спроведувањето на постапка за непосредна спогодба, наместо со распишување на тендер, СДС ја оштети државата и граѓаните.

МВР под палката на СДС предвидува набавка на 40 возила за 1 милион евра. Со што цената која што ќе ја плати МВР по возило изнесува 25.000 евра. 25.000 евра чини само верзија на Октавија со автоматски менувач и најмоќниот мотор, со т.н. Ambition пакет на опрема. За нарачка од 40 возила дилерскиот попуст е околу 25%, а попустот на дистрибутерот е повисок. Со оглед на тоа дека нема да се набават овие моделски верзии тогаш станува збор за уште пониска цена од горенаведената. Оттука се поставува прашањето каде ќе заврши разликата во цените и дали таа можеби е раздолжување на врвот на СДС со фирмата Де Лукс Ауто од Куманово на државна сметка.

СДС не смее преку државните институции да враќа партиски долгови. СДС не смее да се расфрла со државните пари. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите институции мора да ги почитуваат законите и да се однесуваат согласно законските постапки, секое поразлично делување ќе биде санкционирано со враќањето на демократијата и правната држава во Македонија“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски