Новоизбраниот градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски денеска официјално ја презеде функцијата.
На примопредавањето беа доделени и решенијата за членови на Советот на Општината.
Тој во оваа прилика им се заблагодари на сите што работеле заедно со него за да дојдат до оваа можност, од Бутел да направи подобро место за живеење.
По доделувањето на уверението од страна на Општинската изборна комисија, новиот градоначалник оствари средба со досегашниот градоначалник Петре Латиновски.