Шеесет и седум сообраќајки без жртви во Тетовско во октомври

Од:

Шеесет и седум сообраќајни несреќи, во кои нема загинати лица се случиле во октомври на поширокото тетовско подрачје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во октомври се забележани пет сообраќајни несреќи повеќе во однос на истиот месец лани, кога, пак за разлика од минатиот месец, имаше една човечка жртва.

Според податоците на полицијата во останатите сообраќајки претходниот месец пет лица се здобиле со тешки телесни повреди во пет несреќи, 34 завршиле со 64 полесно повредени лица, додека во 28 била причинета само материјална штета, чиј вкупен износ се проценува на над три милиони и 150 илјади денари.

– Најголемиот број од несреќите – 32 се случиле на тетовските улици, 14 на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и дел на регионалните патишта кон Пирок и Волковија. Најчеста причина за несреќите и особено за оние со најтешки последици повторно е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење со 19 случаи, потоа непочитување првенство, неправилно вршење дејствие и така натаму. Во овој месец се случиле 14 излегувања од коловоз, во осум сообраќајки учесници биле пешаци, а пет биле предизвикани од животни, претежно од кучиња-скитници најчесто како последица на необезбеден коловоз и нивно движење по автопатот особено во доцните вечерни часови, рече Јосифовски.

Истовремено полицијата минатиот месец спровела повеќе редовни и акциски контроли на патиштата во Тетово и Тетовско, при што од сообраќај биле исклучени 145 возила со истечена регистрација, седум технички неисправни, четири со претовар, како и 168 возачи без положен испит, 127 возачи-почетници, десет со несоодветна категорија и едно со важечка забрана за управување.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ