Владина седница за напредокот во евроинтеграциите

Од:

Владата на Република Македонија попладне ќе ја одржи 35. тематска седница, на која ќе биде разгледана информацијата за Придонесот за остварениот напредок на Република Македонија, кој претставува основа за подготовка на Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Како што соопшти владината прес-служба, седницата ќе ја води заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Придонесот за остварениот напредок на Република Македонија, во согласност со новата методологија на Европската комисија за подготовка на извештаите за напредокот на земјите – кандидатки за членство во Европската Унија, за прв пат оваа година се состои од прашалник со 1.175 прашања, што се одговорени од страна на надлежните институции, и ревидирани од страна на Секретаријатот за европски прашања, во улога на координативна институција во процесот на европска интеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски