Заев – Мекилвем: Поддршка од Велика Британија за реформите и интеграциите на Македонија

Од:

Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев во Будва се сретна со Фиона Мекилвем, директорка во Секторот на МНР на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На средбата присуствувал и Ендру Пејц, координатор при британското МНР за престојниот Самит за западен Балкан што треба да се одржи во Лондон.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата Мекилвем посочила оти Велика Британија ја цени реформската агенда преземена за реализација од страна на македонската Влада. Таа изразила охрабрување до Владата да продолжи со внатрешните реформи, како и поддршка од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за реформите во коишто се гледа можност за напредок на државата во интеграциите и за подобар живот на граѓаните.

Претставничката на британската влада Мекилвем ги поздравила и политиките на македонската Влада за градење на добрососедски односи и најавила дека Велика Британија ќе продолжи со активниот интерес за Македонија и за целиот регион во делот на стабилизацијата и интеграциите.

Премиерот Заев нагласил дека Владата има голема мотивација да осигура квалитетен живот на граѓаните и евроатланска иднина на државата.

– Планот 3-6-9 предвидува реформи во праводуството, во медиумите, во безбедносните служби со што се создава стабилна клима за инвестирање во државата. Интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, ќе значи и охрабрување инвеститори, со тоа и нови и подобро платени работни места за граѓаните и повисок животен стандард. Кон ова сме фокусирани и правиме се што можеме на патот кон евро-атлантските цели. Добрососедските односи се исто така дел од политиките на градење пријателства на новата Влада, со што сме свесни дека можат да се олеснат процесите. Значајна е поддршката на Република Македонија од добри пријатели кон државата, како што е Велика Британија, истакнал Заев.

На средбата е разговарано и за можноста за соработка во дигиталната технологија и за шансите што на овој план ги отвора престојниот Самит во Лондон за земјите од Западен Балкан.

Во Будва, премиерот Заев учествува на регионалната „Економска конференција на Црна Гора 2017“. Во рамки на посетата премиерот Заев имаше билатерални средби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски