Што да правите кога во бракот нема секс?

Од:

Сексот не е најважната работа во врската, но ако го нема, тогаш станува најголем проблем меѓу партнерите. Што да направите кога тоа ќе стане проблем? Едноставен одговор нема, но можеби можат да ви помогнат советите на светските познатата сексуална терапевтка Трејски Кокс.

Како што покажуваат истражувањата во последните години, има се повеќе бракови и долги врски во кои нема секс. Иако вообичаено се верува дека жените се тие кои одбиваат секс, сепак истражувањата покажуваат дека ситуацијата е спротивна. Кога нема секс во бракот, „не“ најчесто доаѓа од мажите.

Што да правите со таков брак? Треба ли поради недостигот на секс да побарате развод или да ја раскинете долгата врска? На ова прилично едноставно прашање, нема едноставен одговор.

Изостанува ли сексот затоа што повеќе не ви се допаѓа партнерот?

Ова најчесто се случува во врските и браковите во кои заедништвото се создало врз основа на некои други темели како добриот карактер на партнерот, но без вистинска сексуална хемија.

Како што објаснува Трејси Кокс во таквите врски на почетокот има секс, затоа што најчесто партнерката е уверена дека тој маж е многу добар „материјал“ за долги патеки па затоа треба да се прифати и да се сака. Но времето си го носи носи свое и жените одеднаш наидуваат на ситуации во кои партнерот повеќе не и е сексуално привлечен.

Резултатот е брак или врска без секс. – Ако нема сексуална привлечност, врската нема да опстане. Немојте погрешно да ме разберете, важно е луѓето да се поврзат на сите нивоа, но сексуалната хемија е една од клучните, истакнува Трејси Кокс и додава дека не треба да се влегува во сериозни врски, ако тој елемент не е доволно силно изразен веднаш на почетокот. Подоцна дефинитивно нема да се развие.

А што да се направи ако сте заглавиле во таквиот однос?

Одлуката е, секако, на вас. Ако мислите дека сексуалната привлечност со време ќе може да се придобие, дозволете си себе си тоа да се случи. Доколку не оди тогаш нема смисла да се биде во однос во кој станувате се подепресивни.

– Тоа е научно докажано. Ако нема секс, двата партнери стануваат со време депресивни, а на крајот и физички често заболуваат од разни болести, предупредува познатата терапевтка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицаец јавно се посрамоти, имал секс со љубовницата во службениот автомобил

А1он

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

Истражувања: Германците имале подобар секс во време на пандемијата

Ана Ололовска