Скулптури од Слободан Милошески на изложба во КИЦ

Од:

Во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложба на скулптури „Момент на привлечност“ од авторот Слободан Милошески.

– Овие нови, монументални пројави на авторот се апстрактно-асоцијативни формации, кои на прв поглед се отклонување од неговата првична опседнатост со кинетичкатата скулптура. Но, само на прв поглед: авторот останува опседнат со движењето, овојпат во мирување, овојпат…пругоре, пишува во критиката по повод изложбата.

Милошески дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство во 2009 година, а во 2011 година магистрирал на ФЛУ. Сега е докторанд на НХА во Софија, на катедра скулптура. Досега реализирал 16 самостојни изложби, а учествувал на повеќе од 50 групни изложби во Македонија и во странство.

Неговата изложба во КИЦ ќе биде отворена до 11 ноември.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски