Завршува проектот за реформа во секторот вода на централно ниво

Од:

Завршна конференција на проектот „Реформа во секторот вода на централно ниво”, чија главна цел беше во земјава да се воспостави систем за поврат на трошоците во секторот за водоснабдување и отпадни води преку поддршка на спроведувањето на Националната студија за тарифи за вода и ревидирана политика за тарифи за вода, денеска ќе се одржи во Скопје.

Проектот во вредност од 1,8 милиони евра, што се спроведуваше во изминатите 13 месеци, е финансиран од Европската унија во рамки на ИПА оперативната програма за регинален развој 2007-2013.

Проектните активности беа фокусирани на процесот на подготовка и упатства за спроведување на ревидираната методологија за тарифи за вода од страна на Регулаторната комисија за енергетика, обука за претставниците на општините и јавните комунални претпријатија со цел да им се овозможи да применуваат ревидирана методологија за утврдување на тарифите и зајакнување на способностите на системот за инспекции и спроведување на методологијата за тарифи за вода.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он