Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ќе ја утврди одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

На дневен ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на одлуките за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Националниот совет за евроинтеграции, на пратеничките групи на Собранието на РМ за соработка со парламенти на други држави, како и на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисијата ќе ги утврдат измените на одлуките за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на собраниските делегации во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација и во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На дневен ред е повлекувањето на Предлог одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието на РМ од 14.07.2017 година, како и утврдувањето на Предлог – одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски