Издаден европски налог за апсење на Пуџдемон

Од:

Шпанскиот суд издаде европска потерница за поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, соопшти неговиот адвокат Пол Бекер.

-Штотуку добив вест за мојот клиент дека (налогот за апсење) навистина е издаден и четворица министри во Белгија. Тоа практично значи дека шпанското судство сега ќе испрати барање за екстрадиција до федералното обвинителство во Брисел, рече Бекер за телевизијата ВРТ.

Неименуван извор од судот изјави за медиумите дека денеска ќе биде издаден европски налог за апсење на Пуџдемон и четворица министри кои моментално се во Белгија. Тие не се појавија пред судот вчера утрото на сослушувањето во Врховниот суд, по што обвинителството вчера побара да биде издадена меѓународна потерница по Пуџдемон.

Вкупно 20 каталонски политичари – Пуџдемон, 13 министри во неговата разрешена влада и шестмина членови на регионалниот Парламент, вчера беа повикани да се јават пред суд под обвинение за бунт и антидржавни активности.

Од сите нив, само Пуџдемон и четворица министри, кои се наоѓаат во Белгија, не се појават пред Судот во Мадрид.

Врховниот суд им одреди притвор на осуммина членови на разрешената Влада, додека поранешниот министер Санти Вила, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување независност на Каталонија, е ослободен со кауција од 50.000 евра.

Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон доцна синоќа побара шпанските власти да ги ослободат од притвор осумтемина членови на неговиот Кабинет.

– Како легитимен претседател на Владата на Каталонија, барам ослободување на министрите и на потпретседателот Ориол Жункерес, изјави Пуџдемон за регионална каталонска телевизија.

Ваквото барање на Пуџдемон уследи само неколку часа откако Врховниот суд на Шпанија им одреди притвор на осуммина членови на разрешената каталонска Влада, против кои е покренато обвинение за бунт и за антидржавни активности.

Во изјавата дадена во Белгија, Пуџдемон ги повика Каталонците да протестираат против шпанските власти „без насилство, мирно и со почитување на сите мислења“.

– Гневот со која шпанската Влада нападна една прекрасна европска нација, е срамен и претставува закана за сите нас, изјави Пуџдемон, додавајќи дека независноста на Каталонија „повеќе не е внатрешен проблем“ на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата