Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон вечерва побара шпанските власти да ги ослободат од притвор осумтемина членови на неговиот Кабинет.
– Како легитимен претседател на Владата на Каталонија, барам ослободување на министрите и на потпретседателот Ориол Жункерес, изјави Пуџдемон за регионална каталонска телевизија.
Ваквото барање на Пуџдемон уследи само неколку часа откако Врховниот суд на Шпанија им одреди притвор на осуммина членови на разрешената каталонска Влада, против кои е покренато обвинение за бунт и за антидржавни активности.
Во изјавата дадена во Белгија, Пуџдемон ги повика Каталонците да протестираат против шпанските власти „без насилство, мирно и со почитување на сите мислења“.
– Гневот со која шпанската Влада нападна една прекрасна европска нација, е срамен и претставува закана за сите нас, изјави Пуџдемон, додавајќи дека независноста на Каталонија „повеќе не е внатрешен проблем“ на Шпанија.