Речиси 75 отсто од сириските мигранти во Турција сакаат турско државјанство

Од:

Речиси 75 отсто од сириските мигранти во Турција сакаат турско државјанство, покажа истражување спроведено со поддршка на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Весникот „Хуриет Дејли Њуз“ информира дека анкетата, која била спроведена во 10 турски градови во кои се сместени 79 отсто од сириските мигранти во земјата, пожала дека 52 проценти од Сиријците сакаат да останат да живеат во Турција.

Според истражувањето, околу 650.000 од Сиријците во Турција во моментов работат, што изнесува околу 31 отсто од нивниот вкупен број. Сe смета дека голем дел од нив, сепак, работат нелегално.

Според претходно објавени податоци, од 10 до 15 илјади Сиријци имаат дозволи за работа во Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија