Млад 17-годишен фудбалер на Антверпен Жоел Лобанцо почина од срцев удар, објави денеска белгискиот клуб.
Лобанцо колабирал за време на вчерашниот тренинг со младинската екипа на Антверпен до 19 години, по што веднаш во помош притрчале тренерите и клупските лекари.
За кратко време пристигнала и итна медицинска помош, по што во критична состојба Лабанцо брзо бил префрлен во локалната болница.
Сепак, и покрај напорите на лекарите 17-годишиот фудбалер не успеа да излезе од кома, а починал во текот на ноќта.
Изразувајќи сочувство кон семејството на Лабанцо, клубот најави дека на сите луѓе кои присуствувале на тренингот на кој се случи несреќата ќе им ја даде целата потребна поддршка, а со обдукција лекарите ќе утврдат зошто момчето толку младо доживеало срцев удар.
Воедно од белгиските медиуми побараа да се воздржат од какви било шпекулации и да не ги измачуваат членовите на семејството на Лабанцо во овие тешки мигови.