Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) -Штип преку својот Фонд за наука и оваа академска година поддржува вкупно 64 научни проекти, кои ќе ги реализираат универзитетските професори, а од оваа година финансиски се поддржуваат и студентски научни истражвања објави на денешната прес-конференција ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев.
– Значи имаме над 20 проекти кои се наменети за студентите, каде што заедно со професорите прават истражувачки тимови и работат на одредени истражувачки теми. Значи тоа е новината, каде што 20 проекти се наменети и почнуваат да се раелизираат од страна на студентите кои се сотавен дел од универзитетот, вели Боев.
Тој истакна дека застапени се проекти на студенти и професори од сите факултети на универзитетот, а темите се од областа на медицинските, природно-техничките, информатиката, хуманистичките науки, како и од областа на уметноста. Еден истржувачки проект е со финансиска рамка од 3.500 евра. Боев истакна дека над научниот фонд на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ досега се финансирани вкупно 150 научно истражувачки проекти.
– Ова е оној Фонд за наука што ние на универзитетот „Гоце Делчев“ сакаме да го поддржиме. Заради тоа што мислиме дека е важен сегмент во развојот на високото образование, бидејќи не можете да замислите образование во кое нема истражување, вели Боев.
Студенти кои годинава се поддржани во делот на истражувањето или иновациите кои можат да ги направат се во насока и самите да направат свои компании и да изградат сопствена кариера.