Од 1 јануари водните услуги по регулирана цена

Од:

– До 15 ноември Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водни услуги што од 1 јануари идната година ќе мораат да го применувааат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители. Потоа се остава период јавните претпријатија да ги достават своите евентуални забелешки и надлежните да ја донесат одлуката за новите цени што ќе стапат на сила од почетокот на идната година.

Со тарифникот, што е изработен во рамки на проектот „Реформа во водниот сектор на централно ниво, финасиран од Европската унија, а имплементиран од консултантската куќа Нирас, ќе се определува просечната тарифа по која јавните претпријатија ќе можат да наплаќаат за сурова вода за пиење, за вода за пиење за водоснабдување, за собирање и одведување на отпадни води и за пречистување на отпадните води за оние општини каде има пречистителни станици или треба да се изградат во 2018 година. Вкупниот надоместок што ќе го плаќаат граѓаните за сите тарифи ќе биде во рамките на прагот на достапност, односно не повеќе од три отсто од приходот по глава на домаќинство.

Од Регулаторната комисија велат дека ги изготвиле сите неопходни подзаконски акти што овозможуваат да се регулираат цените на водните услуги во земјава. Општините со над 10.000 жители веќе имаат аплицирано во Регулаторната комисија за цена, а оние со помал број на жители ќе треба да аплицираат во текот на 2018 година, а од 1 јануари 2019 година да почнат да ги продаваат водните услуги по регулирани цени.

Прецизираат дека методологијата за утврдувањето на тарифникот за водните услуги е на трошковен принцип и се утврдува регулиран приход со оперативни трошоци и пренос на капитал, односно добивка во однос на основните средства што им овозможува на компаниите да бидат ликвидни и долгорочно да можат да ги планираат своите потреби за инвестиции за подобрување на квалитетот на услугите.

Апликации за цени до Регулаторната комисија досега доставиле седум јавни претпријатија кои имаат обврска да произведуваат сурова вода за пиење, 29 за вода за пиење за водоснабдување, 26 за собирање и одведување на отпадни води и 13 за пречистување на оптадните води. Од нив 75 отсто побарале зголемување на сегашната цена за услугите што ги нудат.

Согласно Законот за енергетика, Регулаторната комисија од 1 јануари идната година е надлежна и за формирање на цените на водните услуги во земјава. Регулаторната комисија е должна да донесе решение со опсег на цени, односно да утврди просечна, минимална и максимална тарифа, а цената по која ќе се продава водата ќе ја утврдуваат советите на општините или Владата за компаниите кои имаат обврска да произведуваат сурова вода за пиење. Регулираниот период согласно правилникот и методологијата за утврдување на цени е три години.

Би можело да ве интересира

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Повлечена вода од хрватскиот пазар испорачана во соседството

Загубите на вода во државава 62-63 отсто, меѓу највисоките во регионот

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он