Од 1 јануари се зголемува акцизата на нафтата за три денари

Од:

Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски претставувајќи го Предлог-буџетот за 2018 година.

Тевдовски рече дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека јавноста може да биде мирна.

– Не очекуваме дека ова да доведе до инфлаторен притисок бидејќи нафатата е еден дел од енергенсите заедно со струјата кои во цените учествуваат со 10 проценти, а ова што ние го предлагаме се однесува само на дел на нафтата, а не на бензинот и на струјата. Секако тоа е едно мало делче кое е преддвидено во нашата проекција за инфлација од 1,7 проценти, изјави министерот Тевдовски.

Со зголемување на акцизата и пресметанито ДДВ цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари, но според Тевдовски и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе остане најниска во регионот.

Причина за зголемување, како што истакна, се ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 1,6 милијарда денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол