Утре без струја делови од три скопски општини

Од:

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општината Карпош, Кисела Вода и Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Никола Парапунов во општина Карпош, од 13:00 до 15:00 часот дел од улиците Дрезденска и Алжирска, од 13:00 до 15:00 часот дел од улиците Копенхагенска, Његошева, Софиска и Бриселска, од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците Орце Николов, Андон Дуков, Титовоужичка и Рузвелтова, сите во општина Карпош.

Во истата општина прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците Бранислав Нушиќ, Шекспирова, Македонска Преродба, Веселен Маслеша и бул. 8-ми Септември, од 08:30 до 10:30 часот дел од булевар Партизански Одреди и дел од улиците Шекспирова и Бранислав Нушиќ, од 13:00 до 15:00 часот дел од Градски Парк во општина Карпош.

Без струја од 11:00 до 12:30 часот дел од улиците Желево, Разловечко Растение и Вогоградска и од 08:30 до 10:30 часот дел околу ул. Скупи ул. 14, исто така во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето на електричната енергија во периодот од 08:30 до 12:30 часот на улицата Ѓорѓи Капчев броеви 7, 9, 11, 13, 15, 17 и 19 во општина Аеродром, а од 8:00 до 12:00 часот дел од улицата Михаил Чаков – броеви 1, 3, 5, 7 и 11 во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз