14 Јуни е меѓународниот ден на крводарителсвото. По повод овој ден, секоја година се организираат настани со цел да се подигне хуманоста, колективната и индивидуалната свест кај луѓето за да придонесат во обезбедувањето на неопходната течност која живот значи.
Загрижувачки е фактот дека 45% од крводарителите во средноразвиените и нискоразвиените земји во светот се помали од 25 години.
14 јуни редовно минува во знакот на црвената боја и повик со слоганите „Секој крводарител е херој“, „Повеќе крв повеќе живот“, „Да дадеме се од себе“.
Меѓународниот ден на крводарителството се одбележува уште од 2005 година. Тоа е и денот на раѓање на Карл Лајштајнер, човекот кој ги пронајде крвните групи.