Десет сообраќајки вчера во Скопје, шест лица полесно повредени

Од:

Шест лица се полесно повредени во шест од вкупно 10 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца др исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол, шестмина не ги почитувале правилата за престигнување, двајца поминале на црвено светло на семафор, а 16 биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило. Санкционирани биле и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле 72 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 74 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците од второ одделение во ООУ „Коле Неделковски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ