Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето на етикетите на определени прехранбени производи.
Истражувањето се реализира во рамки на владината Програма за заштита на потрошувачите, а за Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го спроведе Организацијата на потрошувачите на Македонија.
На настанот ќе се обрати директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.