Сменетиот каталонски премиер Карлес Пуџдемон потврди дека тој и некои членови на распуштената влада остануваат во Брисел во очекување праведен процес.
Претходно, шпанската Влада испрати повици до поранешни каталонски министри и пратеници да се јават на распит во суд денеска и утре.
На тие луѓе им се подигнати обвиненија за поттикнување бунт и може да добијат до 30 години затвор.
Дел од сменетите каталонски министри сепак ќе заминат за Мадрид за да одговорат на прашањата на судот. Останатите со Пуџдемон ќе останат во Брисел.