Холандија: Успеа иницијативата за референдум за идниот закон за прислушување

Од:

Студенти-противници на прислушувањето на холандски граѓани од разузнавачките и службите за безбедност се изборија за организирање консултативен референдум за идниот закон со кој ќе се формулираат овластувањата на тие служби.

Согласно законите за службите за безбедност и разузнавање, ќе може да се користи систем за масовно прислушкување на интернет комуникации, како и на граѓани кои не се осомничени, објаснуваат стундети од Амстердамскиот универзитет кои сметаат дека законот има тешки последици за слободата.

– Цел кварт може да биде прислушкуван заради еден осомничен кој живее во него. Со тој закон, сите објави на Фејсбук од еден ист град, на пример, би можеле да бидат пресретнати и чувани со години, нагласуваат организации одговорни за кампањата за референдумот.

Холандскиот избирачки совет објави денеска дека е достигнат прагот од 300.000 потписи неопходни за органзирање на референдумот за законот.

– Референдумот веројатно ќе биде заедно со локалните избори на 21 март 2018 година, најави Советот.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина