Летонија ќе гради ограда на границата со Белорусија

Од:

Летонија денеска соопшти дека ќе гради ограда на границата со Белорусија, откако следната година ќе заврши изградбата на оградата долж границата со Русија.

Оградата ќе биде долга 120 километри, висока два метри и во горниот дел ќе има бодликава жица, соопшти Олегс Џемасовс, претставник на службата за обезбедување на границите. Изградбата ќе чини 0,5 милиони евра.

Вкупната должина на летонско-белоруската граница изнесува 170 километри.

Во 2016 година Летонија, која е членка на ЕУ и НАТО, почна да гради ограда на границата со Русија, која треба да биде готова следната година. Оградата со Белорусија ќе биде готова во 2020 година.

Летониски функционери соопштија дека градењето на оградата нема воена цел, туку пред се, да ја запре илегалната миграција кон ЕУ, со оглед на тоа што Русија и Белорусија „се претвориле во важни транзитни земји“ преку кои доаѓаат илегални мигранти од Авганистан, Пакистан и други земји.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија

Вооружените сили на Белорусија преместуваат тенкови до границата со Украина

Горан Наумовски

Белорусија осуди Германец на смрт

ЕУ воведе нови рестриктивни мерки против Белорусија