Иванов: И покрај Брегзит, ќе продолжи британската поддршка за Република Македонија

Од:

И покрај Брегзит, билатералната поддршка од Обединетото Кралство за Република Македонија ќе продолжи, е пораката што македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја добил на денешните средби во Лондон со спикерот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот парламент, Лорд Фаулер.

Како што соопштија од кабинетот на Иванов, македонскиот претседател Иванов истакнал оти на средбите разговарале за најактуелното прашање во Обединетото Кралство, за Брегзит.

– Тоа е нешто сосема ново. Следува голема постапка која досега не постоела, нема искуство за тоа како ќе се одвива. Нивното убедување е дека што и да се случи, на билатерален план ќе јакне поддршката што ја имаме од Велика Британија, дека тоа ќе продолжи, истакнал Иванов по средбите што ги имал денеска во Лондон.

На двете средби станало збор за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои следната година ќе одбележат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

– Го отворивме прашањето за формирање парламентарната група за пријателство во британскиот Парламент, затоа што во македонскиот Парламент веќе е формирана и да продолжи соработката меѓу парламентите. Исто така, идната година Обединетото Кралство е домаќин на Берлинскиот процес, што е исклучително значаен за нашиот регион. Иако тие се во фаза на Брегзит, сепак своите обрски што ги имаат превземено ги остваруваат и реализираат. Ние искажавме очекување да продолжат со нивната поддршка кон регионот и кон Република Македонија, како што го правеле тоа досега“, истакнал претседателот Иванов.

На средбите со спикерите на Горниот и на Долниот дом на британскиот парламент биле разменети мислења за состојбите во регионот, вклучувајќи ја и мигрантска криза и улогата на Република Македонија во справувањето со неа.

Македонскиот претседател во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, вечерва ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста: научени лекции“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП