Кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје

Од:

Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при МВР, во координација со СВР Велес денеска по претходно добиена судска наредба од Основниот суд Кавадарци, изврши претрес во дом и помошни простории сопственост на лицето Б.С. (46) од Кавадарци и тоа во два објекти во овој град.

При претресот беа откриени и запленети една пушка („паповка“) кал. 7,62 мм, потоа десет прачки динамит („амонит“) со тежина од околу 1,7 килограми, два метри спорогоречки фитил, 97 парчиња муниција од различен калибар и 30 грама тревкаста материја (марихуана), соопшти МВР.

Исто така откриена е и разновидна стока (телевизори, радија и друго) која веројатно потекнува од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Од страна на СВР Велес, поради постоење сомнение за сторени кривични дела до надлежното ОЈО, против Б.С. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ (член 396 од КЗ на РМ); за „тешка кражба“ (по член 236 од КЗ на РМ) и за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори (член 215 од КЗ на РМ).

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци