Тевдовски: Македонија може да воведе среднорочно буџетско планирање

Од:

Поставување основи на среднорочно буџетирање, односно создавање рамка за расходите и приходите на буџетот за подолг временски период од една фискална година за да се подобри ефикасноста во планирањето и спроведувањето на буџетот и транапареноста во управувањето со јавните финансии, е целта на Твининг проектот „Зајакнување на среднорочното буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“ што се спроведуваше во Министерството за финансии во изминатите две години, а денеска беше означено неговото завршување.

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека политичка волја за вакво среднорочно планирање има и оти приоритет на Мнистерството е тоа да се воведе и Македонија да добие среднорочно буџетско планирање.

– Да размислуваме подолго, на среден период. Да вовоедеме во реалноста среднорочно буџетско планирање наместо планирање за една година што беше пракса досега, бидејќи тоа е важно за да знаеме каде сакаме да стигнеме и како да изодиме до таму, порача министерот Тевдовски.

Додаде дека фокусот на проектот е да се унапреди среднорочното буџетско планирање и оти се дадени препораки за постепено и систематско преминување од постојниот начин на буџетско планирање кон среднорочно буџетско планирање и во согласност со ЕУ препораки. Во рамки на проектот е направени и предлог текст за Закон за буџети.

Според министерот, има политичка волја, а приоритет на Владата е да се воведе реално среднорочно планирање и тоа е еден од најважните делови на Стратегијата за управување со јавни финансии, која, како што рече, претставува акциски план на реформи во периодот 2018-2021 година кој содржи реформи на сите битни елементи на системот на јавни финансии.

Според Никола Бертолини од Делегацијата на Европската унија, оваа нацрт програма доаѓа во вистинско момент и ќе биде основа за целиот процес во следните неколку години.

Меѓу елементите на реформите што треба да бидат поддржани, ги напомена зајакнувањето на фискалната рамка, планирањето на приходите на буџетот, интегирани ИТ финансиски системи, јавните инвестиции и јавните набавки, јавната внатрешна контрола и фискалната транспареност.

– Убедени сме дека земјата може да влезе во ЕУ со основните права кои ќе бидат добро поставени што значи јавните финансии да се транспарентни, ефикасно се управуваат и им се испорачуваат на граѓаните во оние области во кои се најпотребни, потенцира Бартолини.

Во проектот кој е финансиран од ЕУ учествуваа експерти од Финска, Словенија, Австрија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Владата прави ребаланс на буџет по нарачка на стопанските комори

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николова: ДПМНЕ одбива амандмани и не сака да зборува за министерката и долгот од милион евра кон МЕПСО

Јанкуловски: Со ребалансот финансиски го консолидираме стопанството, ќе продолжи зголемувањето на платите и пензиите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски