Адеми нема одговор по која правна основа ќе го доделува просторот на Здружението “Т’га за југ“

Од:

Владата вчера на седница донесе одлука за одземање деловен простор во Скопје што претходната влада му го имаше дадено на трајно бесплатно користење на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин, но одлучи просторот сега да му го додели на Здружението на деца-бегалци од Егејска Македонија „Т’га за југ“ кое е формирано на 19 септември 2017 година.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, не ги појасни правните критериуми според кои деловниот простор ќе му биде доделен на здружението „Т’га за југ“, кое исто како и Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин на главниот град му има подарено споменици.

На прашање дали треба да се донира споменик за да се добијат простории, Адеми рече вели дека не треба да се стави знак на равенка помеѓу Здружението на деца-бегалци, кое постои 30 години, и здружение кое имало друга цел, а не ја знаеме.

„Има разлика меѓу здружение кое нема цел и здружение кое постои 30 години и има конкретна цел“, рече Адеми.

Тој појасни дека просторот бил одземен од Здружението на Сетинци-Попадинци и Крушоради од претходната Влада, па повторно му било доделен, но тие простории останале празни. Здружението „Т’га за југ“ побарало тој простор да му биде доделен бидејќи во 2018 ќе биде организирана прослава за децата бегалци.

Владата проверила каква е фактичката состојба со просторот и било утврдено дека Здружението на Сетинци-Попадинци и Крушоради не се вселило таму. Во имотниот лист не се водело таму, а тоа значи дека просторот останал неискористен.

-Ние донесовме одлука „Т’га за југ” да ги добие просториите. Тие постоеле во форма на повеќе здруженија, а сега се здружуваат во едно. Како нов правен субјект го добиле просторот. Тука нема ништо спорно, станува збор само за процедурална ситуација. Ние не оставивме простор некој да биде привилегиран. Од 2011 просториите кои ги добија биле празни, а во 2015 година Пешевски потпишал доделување на просториите, но никој не се вселил. Тие празни простории сега се дадени на ова здружение”, вели Адеми.

Тој додаде дека здружението „Т’га за југ”, кое е формирано пред месец и пол, е старо-нов правен субјект бидејќи тоа постоело 30 години.

На вчерашната владина седница, како што нагласи Адеми, не е донесена одлука за доделување на овие простории на друго здружение.

Одлука за доделување на овие простории на друга организација не е донесена. Таква одлука, како што истакна Адеми, ќе биде донесена откако ќе завршат процедурите во Агенцијата за управување со имотот и јавниот простор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски