Бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година е зголемен за 3,3 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во септември годинава бележи опаѓање од 0,5 проценти во однос на истиот период лани, и опаѓање од 1,2 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Пораст на бројот на работниците од 3,8 проценти е забележан во секторот преработувачка индустрија.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија, за 9,2 проценти, капитални производи за 14,9 проценти и трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 проценти. Опаѓање бележи кај енергија за 0,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-септември 2017 година, во однос на периодот јануари-септември 2016 година, е зголемен за 1,5 проценти.