Хамас на палестинската управа ја отстапи контролата на граничните премини на Појасот Газа

Од:

Исламистичката група Хамас почна да ја предава контролата врз граничните премини на Појасот Газа со Израел и Египет на палестинската автономна власт согласно договорот за прекин на расколот меѓу двете главни палестински движења.

Од палестинската автономна власт се распоредија на пунктовите „Ерец” и „Шалом” на израелската граница и „Рафах” на египетската, а нивните колеги од Хамас ја собраа својата опрема и заминаа со камиони.

На „Рафах” се вејат палестинско и египетско знаме заедно со огромни портрети на палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Назми Мухана, одговорен за граничните премини во рамки на палестинската автономна власт и неговиот колега од Хамас потпишаа спогодба за префрлање на одговорноста за граничната контрола, која се смета за тест дали ќе издржи палестинскиот договор, склучен минатиот месец под покровителство на Египет.

Палестинската автономна власт, која е меѓународно призната, треба до 1 декември да ја преземе целосната контрола над Газа.

Хамас ја презеде власта на оваа територија во јуни 2007 година, откако се судри со својот политички противник, Фатах.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски