Три лица со потешки повреди во сообраќајки во Скопје

Од:

Пешак, возач и сопатник биле потешко повредени во три од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки со полесни повреди се здобиле шест лица, а во две била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во изминатото деноноќие сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 19 биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а деветмина зборувале на мобилниот телефон. Санкционирани биле и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор. Затекнати биле 54 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, се отстранети 58 возила.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со ученици од четврто одделение во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ