Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја прекинаа низата од три победи на Детроит Пистонс, откако ноќеска на свој терен беа подобри со убедливи 113:93.
Клучната предност Лејкерс ја направија во втората делница (33:23), а во продолжението на мечот само ја потврдија победата.
За тимот од Лос Анџелес ова беше трет триумф на седумте натпревари оваа сезона во НБА лигата.
Детроит го претрпе третиот пораз во осмиот свој дуел во тековната сезона.