Промоција на мултимедијалниот проект „Црвена земја“

Од:

Во Мала станица вечер од 19 часот ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Црвена земја“ (Red Land) – најнов на авторката Тања Балаќ.

– Минималистичкиот пристап е свесен избор, чија идеја е да го поттикне размислувањето кај публиката, не само за рефлексијата на светот која не опкружува самите, туку и за саморефлексијата на сопствената позиција во него, изјави Балаќ.

Данкан Хигинс, уметник и професор по визуелна уметност на универзитети во Велика Британија и Норвешка, во предговорот за каталогот, меѓу другото, истакнува дека делото на Балаќ истражува и нуди серија од мноштво отворени интерпретации, предизвикувајќи длабока тензичност во можностите, гестовите и движењата во оваа визуелна творба.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска