ВИДЕО: Најмалку шестмина загинати и неколку повредени во Њујорк откако напаѓач со возило се залетал на велосипедска патека

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а неколку се повредени во напад со возило во близина на Светскиот трговски центар на Менхетен во Њујорк. Откако возилото на напаѓачот се судрило со друго возило тој продолжил да пука од огнено оружје.

Од полицијата потврдија дека возилото влегло на велосипедска патека каде што удрило неколку луѓе и известија дека има неколку жртви и голем број повредени.

Напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата, по што бил уапсен, а властите уверуваат дека опасноста е помината.

Инцидентот се истражува како можен терористички напад, а според американските медиуми напаѓачот извикувал „Алах акбар“ (Господ е голем).

Полицијата ги замоли граѓаните да не се движат во близина во местото на настанот, поради истрагата која е во тек и за да се остави простор за амбулантните возила.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски