Министерот Шапуриќ во посета на Црна Гора

Од:

Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ, кој престојува во еднодневна посета на Црна Гора, се сретна со министерката без ресор Марија Вучиновиќ, како и со повеќе пратеници во црногорското Собрание.

Како што соопштија од кабинетот на Шапуриќ, на средбата со министерката Вучиновиќ беше констатирано дека билатералните односи помеѓу Македонија и Црна Гора се на високо ниво, особено во економската сфера.

– Обемот на надворешно-трговската размена Македонија-Црна Гора во изминатата година е околу 26 милиони евра при што констатирана е можноста за натамошно зголемување и унапредување на истата, имајќи го предвид трендот на зголемување на извозот на македонски производи во Црна Гора, стои во соопштението.

Од страна на министерот Шапуриќ, се додава, беше изнесено дека за македонските граѓани црногорското приморје е многу посакувана дестинација.

Тема на средбата било и испитување на можноста за евентуално повторно воведување на авионската линија помеѓу Скопје и Подгорица, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?