Во Бразил, минатата година, се забележани повеќе од 61.000 убиства, кои во просек се случувале на секои седум часа, се наведува во извештајот на бразилската невладина организација „Јавен безбедносен форум“.
Во извештајот се наведува дека стапката на убиства на 100.000 жители изнесувала 29,9 проценти, што е речиси трипати повеќе во однос на стапката од 10 проценти на 100.000 жители, која се смета за епидемија на насилство.
Во просек, во полициските акции дневно живото го загубиле 11 луѓе во 2016 година, од кои една четвртина во државата Рио де Жанеиро, која се соочува со зголемено насилство од минатогодишните Олимписки игри.