Изложба на Стефан Хаџи-Николов во Истанбул

Од:

Дваесет и четири слики, масла на платно се претставени на изложбата на македонскиот уметник Стефан Хаџи-Николов во галеријата Vita Art Gallery во Истанбул, која ќе трае до утре.

Ове е петто представување на Хаџи-Николов во Турција. Сликите кои се сликани во последните две години се од циклусот „Пејзажи на душата”.

Станува збор за осма самостојна изложба на Хаџи-Николов годинава. Претходно авторот изложувал и во Скопје, Кавадарци, Прилеп, Демир Капија, Охрид, Варна и Перник.

Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Тој е член на ДЛУМ од 1984 година. Учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјата и надвор од неа и на мегународни ликовни колонии. Од 2002 до 2006 година учествувал на Саемот на уметност „Импресија“ во Пловдив. Добитник е на повеќе награди.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски