Македонија игра контролен натпревар со Египет

Од:

Македонската ракометна репрезентација по двата дена тренинзи во Скопје, денеска во Ниш ќе одигра контролен дуел со репрезентацијата на Египет. Овој натпревар е во функција на подготовките за претстојното Светско првенство кое од 11 до 27 овој месец ќе се одржи во Шпанија. И Египет како и Македонија ќе учествува на Мундијалот.

За селекторот Звонко Шундовски ова ќе биде можност да ги провери силите на играчите, нивната форма, како и да се испробаат некои варијанти.

Утре Македонија исто така во Ниш ќе игра уште еден натпревар, противник ќе и биде домаќинот Србија која е европски вицепрвак. Тоа ќе биде последниот тест пред настапот на СП.

Почетокот на денешната средба со Египет е во 19 часот, а утрешниот меч со Србија е во 18 часот и 30 минути.

Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски по дуелот со Србија се враќаат во Скопје каде ќе тренираат до заминувањето за Севиља на 11 јануари, со исклучок на 7 јануари – Божик, кога репрезентативците ќе имаат слободен ден.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ