Осум полицајци вчера се ранети во главниот град на Северна Ирска, Белфаст, во протестите заради симнувањето на британското знаме од зградата на градското собрание, пренесоа британските медиуми.
Пробритански демонстранти се судрија со чуварите на редот во врска со одлуката на градскиот совет, од пред еден месец, за прекратување на вековната традиција знамето на зградата на собранието секој ден да биде кренато и развиорено.
Во советот мнозинството го имаат проирските националисти.
На почетокот на протестите, што беа прекратени заради божиќните празници, беа повредени над 40 полицајци.
Во текот на последните денови приврзениците на знамето на Обединетото кралство, исто така, демонстрираа на улиците, но до вчера протестите им беа мирни.