Екипата на Детроит Пистонс го победи Голден Стејт со 115:107, нанесувајќи му го третиот пораз на актуелниот НБА шампион по само седум одиграни натпревари оваа сезона.
Ниту предноста од 14 поени што домаќините ја имаа на средината од третата четвртина не им беше доволна да го избегнат поразот. За само десетина минути, Пистонс од -14 направија резултатски пресврт и дојдоа до +13, доволно за рутиниран финиш.
Најефикасен кај Детриот беше Ејвори Бредли со 23 поени, додека во поразениот состав Клеј Томас уфрли 29 поени.