Филм, изложба и ревија за завршување на проектот „Против насилство – под исто небо“

Од:

Со модна ревија на традиционални облеки, изложба на цртежи и изработки, како и заеднички направена музика од учениците од ООУ„Лазо Трповски“ – Карпош и ООУ „Лирија“ – Чаир, денеска и официјално ќе биде заокружен проектот „Против насилство – под исто небо“.

На манифестацијата ќе биде прикажан и краткиот филм „Под исто небо“ во режија на Јане Алтипармаков, а ќе се одржи и изложба на фотографии од Наташа Гелева. И филмот и изложбата ги доловуваат заедничките активности на учениците, реализирани во рамки на проектот.

– Манифестацијата има за цел да ја донесе пораката за успешна соработка меѓу сите учесници во проектот, за умешноста на соживотот и придонесот на секоја индивидуа во она што значи живеење под исто небо, информираат координаторите на проектот Татјана Бошковиќ и Соња Јовановска.

Тие воедно ќе ги прогласат тројцата наградени на литературниот конкурс на темата „Против насилство-под исто небо“!

Проектот „Против насилство-под исто небо“! го реализираа Младинскиот центар за еднакви можности и неформалната група граѓани поддржани од програмата Цивика мобилитас. Civica Mobilitas.

Би можело да ве интересира

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Изложба на ликовни дела и промоција на книга во Кинотеката на Македонија

А1он

„ДЈ Ахмет” го освои Мелбурн: Македонскиот сандансовец издржа ја споредбата со светот на дигитална забава

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска