Кошаркарите на ЛА Клиперс го забележаа првиот пораз во новата сезона од Детроит и со тоа нема повеќе екипи без загубен натпревар во шампионатот.
Еден пораз имаат уште Орландо, Сан Антонио и Мемфис.
Тимската игра на Детроит ја донесе победата и шест играчи имаа двоцифрен број поени, а Андре Драмонд дуелот го заврши со 15 поени и 17 скокови. Играчите на Детроит од средината на третиот период од негатива од 13 поени (70:57) стигнаа до победа од осум поени (95:87) со серија од 38:17.
На другите ноќеска одиграни натпревари фаворитите Кливленд и Хјустон запишаа порази.
Расел Всетбрук постигна уште еден „трипл-дабл“ (12 поена, 13 скокови и асистенции) против 29.тиот различен тим или против сите екипи во НБА лигата. „Трипл-дабл“ постигна и Де Маркус Казнс против Кливленд – 29 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
Кајри Ирвинг беше најзаслужниот за победата на Бостон над Мајами откако 9 од своите 24 поени ги постигна во последните две минути.
Резултати:
Њу Орлеанс – Кливленд 123:110,
Мајами – Бостон 90:96,
Чикаго – Оклахома Сити 69:101,
Мемфис – Хјустон 103:89,
Далас – Филаделфија 110:112,
Јута – ЛА Лејкерс 96:81,
Портланд – Феникс 114:107 и
ЛА Клиперс – Детроит 87:95.