Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 11 се повредени при напад на хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти локалната полиција.
Меѓу жртвите има и војници и цивили.
Екстремистичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот со автомобил-бомба, кој експлодира пред хотелот „Наса Хаблод“, каде често престојуваат политичари и познати личности од јавниот живот во Могадишу.
Од хотелот се слушаат истрели, а Ал Шабаб тврди дека нивни членови се наоѓаат внатре.
Полицијата соопшти и дека во близина на објектот експлодирал и минибус.
Повеќе од 350 луѓе загинаа во експлозија на камион-бомба пред две недели во главниот град на Сомалија.