Пуџдемон: Пружете му мирен отпор на Мадрид

Од:

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон ги повика Каталонците да им прижат отпор на мерките усвоени од Мадрид, а кои се однесуваат на преземање контрола над регионот.

Тој во денешното кратко телевизиско обраќање побара од народот „ненасилно“ да ја одбие контролата на Мадрид.

– Јасно е дека најдобра форма на одбрана е демократска опозиција на членот 155, истакна Пуџдемон.

Каталонскиот лидер нагласи дека ќе продолжи да работи на „создавање слободна земја“.

Во своето прво обраќање откако каталонскиот парламент вчера прогласи независност на регионот, Пуџдемон потенцира дека одлуката на Мадрид да ја укине автономијата на Каталонија е против волјата на народот.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата