Шпанскиот Уставен суд денеска започна процедура против прогласувањето независност на Каталонија.
Претходно, каталонскиот парламент ја усвои резолуцијата за независност на шпанската автономска област.
Како одговор на тоа, шпанскиот Уставен суд започна процедура за преразгледување на одлуката.
Јавното обвинителство и другите заинтересирани страни имаат три дена да ги прецизираат своите ставови по тоа прашање.