(ВИДЕО) Јовановски: СДС ги манипулира вработените во „Фени“

Од:

„СДС и Зоран Заев ќе остават повеќе од 1.000 работници на улица. Повторно се активира стечајната постапка за металуршкиот гигант „Фени“.

Станува очигледно дека СДС пред избори само манипулираше дека ќе помогне за активирање на овој металуршки гигант. Според она што го објавија медиумите бугарската компанија „Енекод“ која што требаше да го купи „Фени“, не ги уплатила потребните средства за да ја потврди купопродажбата.

Покрај директните вработувања речиси секој поголем бизнис е директно или индиректно поврзан со комбинатот кој е загрозен. Многу добавувачи, транспортери, шпедитори соработуваат со „Фени“ и сега нивната работа и нивните вработувања се доведени во прашање. Ова значи дека животната егзистенција на вработените на „Фени“ е загрозена.

СДС ветуваше се и сешто. СДС ветуваше живот за сите граѓаните. Но граѓаните гледаат се само не живот.

Имено, поради бизнис интересите на Кочо Анѓушев, извршителите ја блокираа сметката на „Фени“ поради долг за неисплатена електрична енергија ЕДС, фирма која е во сопственост на милионерот Кочо Анѓушев.

СДС ги манипулира вработените во „Фени“ и во околните гранки, имено кандидатот за градоначалник на СДС за Кавадарци, Бетиане Китев за време на изборната кампања, ги одведе транспортерите на „Фени“ од Кавадарци на средба со Кочо Анѓушев, каде на истите им беше ветувано дека нивниот проблем ќе биде решен.

Ова е врвот на лицемерието и понижувачкиот однос на СДС, на Заев, на Анѓушев и Китев за граѓаните на Кавадарци.

Човекот кој директно влијае за затворање на кавадаречкиот гигант „Фени“, ги прима во својот кабинет транспортерите и ги лаже и манипулира само за кандидатот на СДС, Бетиане Китев медиумски да се експонира и да собере глас повеќе.

Ова е уште едно лажно ветување на СДС и Бетиане Китев.

Граѓаните на сопствена кожа ги чувствуваат последиците од погубната политика на СДС, на Заев и на тендерашот Анѓушев и на несудениот градоначалник Бетиане Китев.

„Фени“ до само пред неколку месеци работеше со полна пареа.

Нема оправдување за затворање на гигантот од кого зависи егзистенцијата на илјадници жители на Тиквешијата“, изјави Крсте Јовановски.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски