Израел забрани преслаби манекенки

Од:

Кусокот килограми повеќе не е „ин“ во модната индустрија во Израел, бидејќи од почетокот на годинава стапи во сила закон со кој им се забранува рекламирање на манекенките кои се преслаби.

Законот, кој Парламентот го одобри во март минатата година, бара манекенките да имаат индекс на телесна маса најмалку 18,5. Тоа се смета минимум за здрава личност.

Се почестите појави на нарушување во исхраната во израелското општество, посебно меѓу младите девојки, потикнаа двајца пратеници да предложат нацрт-закон со кој ќе се спречи модната индустрија на промовира нездрави женски тела.

Израелското Министерство за здравство наведува дека околу 125.000 жени во Израел страдаат од нарушувања во исхраната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан