Богдановиќ во Бијоглу: Посветено ќе работиме на решавање на проблемите во Центар

Од:

Градоначалникот на општина Центар Саша Богановиќ се обрати на собирот на 25-те збратимени градови со општината Бијоглу во Истанбул.

„Центар и Бијоглу имаат многу заеднички работи. Двете општини се лоцирани во централните јадра на Скопје и на Истанбул што значи дека делиме заеднички проблеми и предизвици. Сепак, Бијоглу е многу поголема општина од Центар и сметам дека размената на искуства и идеи со вашата администрација ќе биде од огромна корист за нас.

Центар се соочува со низа предизвици меѓу кои најголеми се сообраќајниот метеж, загадувањето, урбанистичкиот хаос. Јас и мојот тим ветивме дека посветено ќе работиме на надминување на овие проблеми. Токму затоа би сакале да чуеме како вие се справувате со овие проблеми и да се обидеме дел од вашите решенија да имплементираме во Центар.

Исто така, убеден дека двете општини имаат многу поголем потенцијал за зајакнување на економската и културната соработка. Македонија и Турција се традиционално пријателски земји и мораме оваа врска да ја искористиме за зацврстување на врските меѓу Центар и Бијоглу.

Сметам дека ваквите заеднички средби не треба да бидат само куртоазна размена на пофални зборови туку конструктивна размена на идеи и основа за воспоставување реална соработка која ќе им донесе добро на жителите на нашите општини.

Градоначалнику Демирчан, ќе ни претставува особена чест во блиска иднина да бидете наш драг гостин и да го почувствувате духот на Центар. Се надевам дека заедничките средби ќе станат редовна пракса и ќе прераснат во соработка на конкретни заеднички проекти со што ќе го оправдаме епитетот збратимени општини“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски