Во галеријата Чифте Амам вечер ќе биде промовирана монографијата на Евгенија Демниевска, отпечатена по повод реализацијата на нејзината ретроспективна изложба „Метаморфози на линијата“.
На промоцијата на новото издание на Националната галерија на Македонија, соработници и пријатели на Демниевска ќе говорат за нивното искуство од работењето со авторката.
Ќе се одржи и презентација на авторката за „Интерактивната пракса“ во нејзиното творештво.