Изложба на археолошки фотографии

Од:

Во Археолошкиот музеј на Македонија вечер ќе биде отворена трета изложба на работни археолошки фотографии со наслов „Archaeology in Progress” Vol.3, организирана од Институтот за археолошки истражувања – Скопје.

Целта на изложбата е да ја промовира археологијата и да ги претстави најдобрите фотографии изработени во изминатите неколку години на археолошките локалитети низ Република Македонија и низ Европа.

За организирање на изложбата Институтот објави конкурс на кој пристигнале околу сто фотографии. На изложбата ќе бидат претставени 30, избрани од стручно жири и со гласање на Фејсбук-страницата на Институтот за археолошки истражувања. За трите најдобри фотографии ќе бидат доделени симболични награди.

Изложбата во Археолошкиот музеј на Македонија ќе може да се посети до средината на ноември.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски