Изложба „Впечатоци“ на Славица Јанешлиева во Њујорк

Од:

Изложба на графики од Славица Јанешлиева насловена „Впечатоци“ ќе биде отворена денеска во Македонскиот културен центар во Њујорк. „Впечатоци“ ги обединува графичките циклуси Хаику 1 и 2, Булки, Импресии и Галичник.

Од декември 2012 до февруари 2013 година „Впечатоци“ беше претставена во галерискиот простор на Мала станица во Скопје, а потоа и во Магаза во Битола во 2014 година.

Славица Јанешлиева (Скопје, 1973) е редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што дипломирала во 1996 и магистрирала во 1998 година.

Изложувала на над 200 групни изложби, а ова е нејзино 25-то самостојно претставување. Нејзини дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи – во Македонија, Србија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска, САД и Јапонија.

Изложбата на Јанешлиева во Њујорк е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и ќе биде отворена до 9 ноември 2017.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски